Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со турскиот амбасадор во државата, Фатих Улусој, при што порача дека се посветени за градење на стратешко партнерство со Република Турција, земја која без резерва нè поддржува за членство во НАТО и Европската Унија.
Министерот за здравство и прв човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари смета дека Али Ахмети веќе неколку пати ги изгубил изборите, и тоа прво уште во 2011, но оти неговата кариера ќе заврши по локалните избори следната година.
Али Ахмети лидерот на ДУИ во петокот од Боговиње ја прифати идејата за предвремени парламентарни избори, а вчера од Куманово најави дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.