Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано петгодишното девојче пред да биде донесено на скопската клиника, пренесува телевизија . Оттаму информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.
Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а пред два починало.