Вредни археолошки предмет, стари речиси 2 илјади и петстотини години се пронајдени во Охридско-струшкиот регион.
На прес-конференција, на која ексклузивно беа изложени некои од пронајдоците, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, објасни дека станува збор за голем научноистражувачки успех, кој не само што фрла нови светла врз археолошката историја на нашата земја туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.