Осумдесеттина епохални наоди, исклучително вредни археолошки предмети се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта.
Брознен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација е само дел од предметите пронајдени во ископувањата, што денеска беа презентирани пред јавноста.
Осумдесеттина епохални наоди, исклучително вредни археолошки предмети се пронајдени при истражувањата на Архајска некропола од шестиот век пред нашата ера на локалитетот Расница во атарот на струшкото село Корошишта. Sitel
На прес-конференција свикана по повод откритието беше истакнато дека се работи за две гробници од кои едната со димензии седум на четири метри, на пет метри длабочина, што според артефактите и додатоците пронајдени укажува дека припаѓала на член на елитно семејство што владеело со регионот во тоа време. Libertas
Брознен шлем со позлата, бронзен штит, килибарни и стаклени перли, сребрени игли, котел со постамент, златни прстени и фолии со различна форма и декорација е само дел од предметите пронајдени во ископувањата, што денеска беа презентирани пред јавноста. Sitel
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изрази задоволство што сите сме сведоци на голем научно-истражувачки успех, кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на Македонија туку претставува значаен придонес кон европското и светското археолошко наследство.
Вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и натаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст – рече тој изразувајќи благодарност на Шефит Шемшедини, сопственикот на парцелата каде се наоѓа локалитетот. Novamakedonija
Дополнително е важно што истражувањата на локалитетот се спроведени од стручни лица, на најдобар можен начин согласно сите научни процедури.
Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални…Открието е монументално, и по самата гробница што во многу нешта ја надмина и познатата Требенишка некропола, но и по карактерот на наодите…Гробната архитектура според димензиите е импозантна и ги надминува според големината досега сите откриени Архајски гробници на Балканот – рече меѓу другото Арџанлиев, археолог-кустос во Археолошкиот музеј во Скопје. Novamakedonija
Семејството Шемшедини минатата година дало согласност за вршење археолошки истражувања на нивниот имот.
Откриената гробница, заедно со останатите веќе утврдени локалитети од Архајскиот период меѓу кои Требенишката, Архонтико, Синдос, Горна Порта во Охрид, кај Делогожда и Радолишта укажуваат на активен живот на високо организирана социјална елита на Охридско-струшкиот регион во тоа време. Nezavisen
Вредни археолошки предмет, стари речиси 2 илјади и петстотини години се пронајдени во охридско-струшкиот регион.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Кинотека потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
Министерот за култура и туризам , Зоран Љутков , при денешната работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Како што е транспарентен целиот процес, и објавувањето на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес и критериумите што ги бараме, така одлучивме да ги објавиме и членовите на комисиите за оценување на пријавите.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ќе оствари работна посета на Кинотека на Македонија, која е единствена национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство.
Љутков им посака успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите на годишните конкурси.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма за култура за 2025 година.