„По добиените насоки за постапување од Министерство за здравство и направените консултации во рамките на Комората, одлучено е да се свикаат органите што се дел од Судот на честа, кои ќе треба да утврдат дали во Извештајот од извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје, за лекувањето и третманот на починатото дете Р.С., има елементи на повреда на Кодексот на медицинска деонтологија“, велат од лекарската комора. Telma