Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Миле Цеков, по тригодишен застој, денеска го пуштија повторно во функција Хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите во Ѓавато, богданско, се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Biznisvesti
Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и по речиси 3 години застој во работата, водите на Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато.
Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се залагаат да се изнајде решение за финансиските средства, за да се реконструира целосно овој хидросистем во блиска иднина – изјави Меџити нагласувајќи дека за повторно функционирање на хидросистемот е потребна реконструкција на самиот цевковод и набавка на неколку нови потопни пумпи. Plusinfo
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието на Република Македонија Миле Цеков денес, го пуштија во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро.
Имено, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, неодамна Владата ја усвои информацијата за ставање во функција на овој хидросистем и после речиси три години застој во работата, водите на Дојранското Езеро повторно ќе се надополнуваат од бунарите од Ѓавато. Denesen
По тригодишен застој повторно се пушта во функција хидросистемот Ѓавато кај Богданци кој преку своите бунари треба да ги надополнува водите на Дојранско езеро, откако претходно, ова беше потврдено од страна на Владата.
Ресорниот министер Изет Меџити денеска при пуштањето на трите функционални пумпи 3,7 и 8 најави заложба за целосна реконструкција на хидросистемот и набавка на нови пумпи. Kanal5