Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата, целосно почитување на обврските на Министерството кон своите вработени и припадниците на Армијата и стабилното буџетирање на одбраната како основа за развој. Skopjeinfo
Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата.
Министерот се осврна и на вработените во Армијата и одбраната за кои рече дека „се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, додека истовремено тие се првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин“. Mk
Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност“, рече Мисајловски.
Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата. Netpress