Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија.
Премиерот денеска се обиде да најде оправдување за идната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која на сослушувањето во Европскиот парламент изјави дека Македонија мора да ја исполни преземената обврска за промена на уставот, „ништо повеќе и ништо помалку“.