Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31 декември 2024 година, по што од 1 јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.
Агенцијата за катастар на недвижности е првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Republika
До крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги.
Исто така, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација, рече директорот на Агенцијата Иван Живковски на прес-конференција. Biznisvesti
Граѓаните од денеска за неколку секунди до максимум минута или две ќе може да вадат имотни листови преку новиот портал „е-услуги“ на Агенцијата за катастар на недвижности. Nezavisen
Имотен лист од 1 јануари ќе може да се добие електронски за најмногу една минута по нарачката во Катастарот.
Ова, што најави денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски се овозможува преку новиот портал е-услуги. Plusinfo
Ние сега ги намаливме нашите цени, на потег се геодетите – дали ќе се одважат и ќе побараат намалување и на нивните цени кон граѓаните.
Но, според моите информации, за такво нешто не ни размислуваат, рече денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот портал „е-услуги“. Republika
Непосредно по нарачката, тие ќе им бидат испорачани на граѓаните.
До крајот на годината бројот на продукти кои ќе ги испорачуваме електронски ќе се зголеми за 10, а во текот на наредната година за уште 10 нови продукти – рече Живковски. Press24