И очекуваме сите заедно да работиме, да помогнеме за појака економија, за појака држава, ние за тоа се бориме“, На прашањето, дали постојат механизми банките да бидат казнети на некој начин бидејќи не сакаат да работат во интерес на граѓаните, имајќи предвид дека парите од унгарскиот кредит е планирано да бидат потрошени на проекти во интерес на граѓаните, Мицкоски посочи дека не би навлегувал толку длабоко во тоа прашање.
„Да помине состанокот в недела, па би коментирал дополнително“, Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ вчера откри дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. 360stepeni
Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, открива министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле против ваквата идеја, вели министерката, но од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, сепак, се согласиле со иницијативата на владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Fokus