Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
21
2.93
15.22
6.70/0.28
21.00
4.59
0.22
1941.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 21
43 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 251.9
Best clustering variants
43 0.99/0.01 3 251.9
23:39 h 12-Nov-2024
  • Првиот човек на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој е суспендиран од функцијата смета дека врз него се врши притисок.
  • ◉ Хајрулахи: Истрагата против мене е со цел да бидам отстранет и замолчен
13:34 h
  • Шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи денеска повторно го обвини републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека му врши брутален притисок, со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во порашешното Специјално јавно обвинителство, односно да ја потврди одлуката на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција за одбивање на кривичната пријава што ја поднесе партијата ВМРО-ДПМНЕ.
  • ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ МЕ СУСПЕНДИРА ЗАШТО НЕ ДОНЕСОВМЕ НАРАЧАНА ОДЛУКА Коцевски ми врши брутален притисок, неговата ќерка изнесува информации од ЈО
13:20 h
  • „Тенденцијата на републичкиот државен обвинител Љупчо Коцевски е да ме заќути и отстрани и да ги заплаши другите колеги кои постапуваат согласно законот – вели вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој од вчера е суспендиран од функцијата.
  • Хајрулахи прашува: Дали е нормално ќерка на републички обвинител да изнесува информации од кабинетот на обвинителот?!
12:32 h
  • Вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи, кој е шеф на Скопското вишо обвинителство, кажа дека шефот на републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, врши притисок со суспензијата која му ја одреди.
  • Хајрулахи неговата суспензија ја доживува како притисок од Коцевски
08:54 h
  • Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата.
  • Суспендиран обвинителот Хајрулахи, тој тврди: Коцевски преку неговата ќерка изнесува документи од Обвинителството
Netpress

„Ќе ви кажам од мои информации, дека извештајот не се доставува се со цел да се отстрани срамот од страна на јавниот обвинител кој, брутално се однесува кон Вишото јавно обвинителство, бидејќи од тројцата обвинители двајцата одбиваат да се потпишат на извештајот за извршениот надзор, бидејќи не се согласуваат со констатациите од страна на еден јавен обвинител, кој што тенденциозно беше цело време во вршењето на надзорот и од тие причини до денеска не е доставен извештајот“, изјави Хајрулахи.

Спорното во целиот надзор, според Хајрулахи, е тоа што од тројцата јавни обвинители, двајца по сила на закон не би требало да учествуваат во вршењето на надзорот, од причина што обвинителот Едмин Вели до пред неговото заминување во ЈОРСМ бил негов прв заменик и обвинител кој што активно постапува по сите предмети во Вишото јавно обвинителство Скопје, а обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи се вршел надзор над предметите од поранешното СЈО, односно на предметот познат како „Поштенска банка“ и предметот против тогаш обвинетиот Драган Павловиќ Латас. Netpress

Libertas

Прашан за меѓучовечките односи во Вишото јавно обвинителство Скопје, Хајрулахи рече дека, ниту знае од кого е, ниту знае дали писмената претставка за мобинг е претворена во кривична пријава или има конкретна кривична пријава, не знае и не може да каже, но, посочи дека има многу работи, за кои, како што вели, треба логично да се поврзуваат, нагласувајќи дека кривичната пријава против него во ОЈО Штип е поднесена токму на 31 октомври, дента кога јавно кажал дека изнесува информации во јавноста преку неговата ќерка.

Кажете дали може да се создаде слика за една институција со четворица вработени во обвинителството, за кои што тврдам, и дојдоа истите кај мене, и кажаа: Обвинителе, ние сме инструирани, ние сме излажани и сето ова се прави тенденциозно, зошто така ни е кажано, дека преку ова ќе ве разрешат и ќе дојде на ваше место обвинителката која што има претензии, изјави Хајрулахи. Libertas