Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти,. . . , за да бидат сигури дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Biznisvesti
Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независни платформи како Фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување.
Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,…, кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. A1on
Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија.
Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет – истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија. Plusinfo