Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до граѓаните и институциите, компаниите и до сите општествени чинители за совесно однесување во однос на начините на затоплување, чистење на оџаците, фрлање на отпадот, палење на депониите, користењето на возила, градежните работи на отворено, палењето на стрништа и слично, со цел сите заедно да дадеме свој придонес кон обезбедување на почиста и поздрава животна средина и подобрување на квалитетот на животот за сите нас. Mk