Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории. A1on
Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, е добитник на наградата „13 Ноември“ за спортист на годината, признание кое го доделува Сојузот на спортови на Скопје по повод ослободувањето на градот.
Тој ја заслужи оваа награда за успесите во текот на изминатата година, меѓу кои и историскиот настап на Олимписките игри во Париз 2024, каде стана првиот македонски атлетичар кој завршил маратонска трка на ова натпреварување. Sport1
Наградите „13 Ноември“ се доделуваат уште од 1970 година, по повод ослободување на градот Скопје.
Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот. Republika
Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на спортисти, тренери, спортски работници и организации, кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.
На свеченоста што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ беа доделени 10 награди на предлог на Комисијата за награди и признанија и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Ekipa