Со добра волја и на заедничка маса, да дојдеме до заедничко и прифатливо решение за сите – беше нотирано денес на средбата во просториите на ЗЕЛС, која ја одржавме заедно со министерот Цветан Трипуновски и колегата Костадинов од Струмица.
Со разговор секогаш се доаѓа до целта, па така оваа плодна средба ќе вроди со плод, бидејќи веќе ги зацртавме правците на траекторијата за трајно решавање на проблемите на граѓаните од Струмица. Press24
Проблемите на струмичани и изнаоѓање на заеднички решенија за нивно решавање, беа тема на разговор на денешната средба меѓу претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, што се одржа во просториите на ЗЕЛС. Novamakedonija
Политика мора да стои настрана, граѓаните се приоритет!
На состанокот ги договоривме следните точки: Формирање на комисија од повеќе научни институции за следење на фактичка состојба на браната Турија и причините за неодманшното појавување на манган во водата. Kanal5
Со разговор секогаш се доаѓа до целта, па така оваа плодна средба ќе вроди со плод, бидејќи веќе ги зацртавме правците на траекторијата за трајно решавање на проблемите на граѓаните од Струмица.
Како што истакнав на моите претходни излагања, кај мене не постои поделба по ниту една основа и ќе бидам медијатор во решавање на сите процеси. Netpress