Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи Услуга – Берово. Fokus
Во соопштението до граѓаните тие го пренесоа известувањето од Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово кои донесоа Решение заведено под број бр.26-772 од 12.11.2024 година.
Се забранува на ЈПКР „Услуга“ Берово - водата од водоводната мрежа во Берово да се користи за пиење и готвење, се додека не се доведе во безбедна состојба, односно може да се користи само како техничка вода. Kanal5