Владата веќе работи да се изградат когеративни централи за затоплување на неколку локации, со цел да се намали аерозагадувањето во Скопје, но и во другите градови во земјава, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека Владата ништо не презема за справување со аерозагадувањето.
Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а е во државна сопственост.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, по што на новинарско прашање, каков е планот за капитални инвестиции за наредната година, изјави дека Владата е фокусирана на вистински капитални инвестиции, пример се вложувањата за општините, реализацијата на Коридорот 10д.
Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје.