Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, денеска беше свечено отворен меѓународниот собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“, по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ, што ќе трае до недела.
Поздравни говори пред присутните имаа директорот на Институтот за национална историја – Скопје, Митко Панов, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана Ангелова, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Живко Попов, директорката на Државниот архив, Наташа Котлар – Трајкова, како и премиерот Христијан Мицкоски.