Скопје се ослободи, но има нешта со кои и понатаму продолжува да се бори, правта по улиците, загадениот воздух и дискутабилната урбанизација која немилосрдно му зададе удар, вели академик Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.
Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“.