Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од инвестициите во стопанството, изјави дека е многу важно конечно да започне користењето на заемот од кој се очекува еден бран од најмалку 300 милиони евра.
Па видете сега многу важно за нас е да овој состанокот што ќе го имаме во недела заврши успешно и да конечно почнеме со користење на заемот или познат во јавноста како унгарскиот заем. Republika
За првиот видовте и вчера, но и месеците и неделите претходно, многу внимателно планиравме и мислам дека таму состојбата е стабилна со потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, и Сокар Азербејџанскиот гигант.
И ќе имаме стабилно и евтино снабдување со природен гас, што е многу важно и за затоплувањето на скопјани, но и за производството на електрична енергија. Mk