На средбата, како што сооопшти нејзиниот кабинет, било изразено задоволство од континуираната плодна соработка во повеќе клучни области коишто се однесуваат на благосостојбата на децата и младите во македонското општество, со посебен фокус на рамноправноста, инклузивноста, унапредувањето и заштитата на нивните права.
Во контекст на климатските промени и нивниот ефект врз животот на децата, претседателката Сиљановска Давкова и заменик извршната директорка на УНИЦЕФ, ван дер Хејден, ја потенцирале важноста на политиките насочени кон промоција на одржлив развој и зелени иницијативи за заштита на животната средина. Biznisvesti