Од денес почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
„Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18) и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема“, Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштатa како зимска опрема на моторните возила се подразбира: : – зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; – пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.