Како што соопшти Министерството, во рамки на посетата, на покана на Естонската Академија за е-управување, Андоновски ќе биде еден од главните говорници на најголемиот самит за дигитализација – Tallinn Digital Summit (https://www.tds.icds.ee/). Андоновски ќе се обрати на панелот насловен како „Сајбер отпорност и партнерства со Западен Балкан: Дигитална технологија и управување“, на кој ќе зборува за постигнувањата на новата Влада во поглед на новите електронски услуги, подобрувањето на процесите на управување и плановите и визиите со Националните стратегии за сајбер безбедност и за ИКТ развој. Kanal5