Очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека до крајот на оваа година ќе можеме и да го продолжиме нашиот процес на достоинствен начин, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев, која се одржа вчера во Баку.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.
Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека тонот на дијалог воспоставен со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска, треба да го усвои и македонската влада.
„Тонот на конструктивен, прагматичен и отворен дијалог што го поставуваме со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, треба да го усвои и Владата на Република Северна Македонија.