Средбата се одржа во рамките на настанот посветен на Партнерството за отворена власт, иницијатива која ги промовира транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во јавниот сектор.
Министерот Минчев и министерката Пирдени разменија искуства и достигнувања од тековните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја важноста на градењето капацитети и одговорноста на институциите во насока на подобрување на јавните услуги и воспоставување на силни механизми за спречување на корупцијата. Skopjeinfo
Министерот за јавна администрација Горан Минчев учествувал и се обратил на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ), што се одржува во Тирана, Албанија, во организација на Партнерството за отворена власт и Владата на Република Албанија, во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА). Како што денеска соопштија од Министерството за јавна администрација, во своето излагање Минчев ги истакнал нашите ридобивки, како членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година, значително придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во јавните политики. A1on
Споделувањето на искуствата и добрите практики помеѓу двете држави е од суштинско значење за зајакнување на капацитетите на јавниот сектор, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешната заедничката меѓувладина седница помеѓу македонската Влада и Владата на Косово во Приштина.
Во своето обраќање на седницата, Минчев се осврна на реформите во јавната администрација кои се клучен приоритет за обезбедување на ефикасно, транспарентно и инклузивно управување. Biznisvesti
Нашата заложба е насочена кон создавање модерна, професионална и транспарентна администрација, каде што административните службеници работат одговорно и се посветени на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, нагласил министерот Минчев.
Тој додал дека донесувањето на новите законски решенија се одвива преку инклузивен процес во соработка со граѓанското општество и експертската заедница, што придонесува за намалување на корупцијата и зголемување на отчетноста. Biznisvesti