Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.
Министерот за внатрешни работи во Владата учествуваше во платформата „100 отсто посветено за тебе“, каде што за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата Министерот Тошковски уште еднаш потенцира дека бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата е еден од главните приоритети на новата Влада и на МВР бидејќи тие го поткопуваат функционирањето на општеството и ја креираат недовербата на граѓаните во функционирањето на институциите и самата држава.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, прашан кога ќе биде пуштен во употреба системот за безбеден град „Сејф сити“, рече оти се надева дека во текот на 2025 година овој систем ќе има целосна функционална примена.
Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со денешниот настан во кој експлозивната направа била фрлена во двор во скопска Керамидница.