Министерот за спорт Борко Ристовски денеска беше во посета на Радовиш и заедно со градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, на терен го означи стартот на реконструкцијата на спортската сала „25 Мај“, која е една од поголемите капитални инвестиции на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура. Gol
Мислам дека до крајот на годината или до почетокот на наредната година, санацијата ќе биде завршена и ќе можеме да ја пуштиме во употреба оваа култна сала којашто значи многу за спортот во Македонија, посебно за Радовиш и за неговите спортисти, посочи Ристовски.
Тој истакна дека Министерството за спорт останува посветено на развојот на спортот и на обезбедување на распределба на средствата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ сите општини во земјата. Netpress
Радовиш отсекогаш бил спортски град и вадел врвни спортисти и со задоволство го прифативме проектот на градоначалникот Ацо Ристов, за да успееме оваа култна сала да ја вратиме онаму каде што и е местото, повторно да биде место на големи спортски настани.
Ова е инвестиција од 20 милиони денари со која ќе биде извршена комплетна санација на подот, на трибинскиот простор и на соблекувалните. Sitel