Континуираните загуби негативно се одразуваат на тековното и идно работење на друштвото, не овозможуваат негов развој и го доведуваат во прашање ефикасното, трајното, уредно и квалитетно вршење на дејноста како јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај, се наведува во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија на АД за поштенски сообраќај Пошта на Република Северна Македонија во државна сопственост Скопје.
Интеракција на Државниот завод за ревизија (ДЗР) со невладините организации и продолжување на транспарентноста на ДЗР во процесот на подготвување на Годишната програма за работа за 2025 година е целта на работилницата на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2025 година” што денеска се одржува во Скопје.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека претходното раководство на Македонската пошта имало планови да ја претвори централната зграда во кабаре, додека актуелните намери се објектот да се трансформира во мултимедијален и културен центар.
Бујаре Абази, која на функцијата генерален директор и претседател на УО дошла на 13 март 2023 година, си ја зголемила платата веднаш по преземање на функцијата.