Очекуваме тука да се акцелерира еден бран од најмалку 300 милиони евра, тоа е некаде 1,6, 1,7% од нашиот вкупен домашен производ, плус имаме бран инвестиции во општините, кои се финансирани од страна на централната Влада ќе ве потсетам шест милјарди денари во овој циклус, 15 милјарди денари веќе следната година, шест милјарди проекти, коишто преку Министерството за животна средина, знаете дека имавме настани во вицепремиерот, Меџити на оваа тема за проекти кои беа запоставени од претходната Влада сега се реализираат во делот на изградба на водоводи, канализациски системи, системи за третирање на отпадни води и слично и тука очекувам еден огромен бран отприлика 27,28 до 30 милијарди денари, изјави Мицкоски. Republika