Во рамки на наставниот предмет Историја и општество, учениците од четврто одделение при ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ денеска посетија Општина Ѓорче Петров.
Заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, учениците како ,,општински советници,, на интерактивен начин, преку симулација на општинска седница, научија како се дискутираат и усвојуваат предлози за различни проекти.