На национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, министерката за образование и наука Весна Јаневска соопштила дека Министерството и Бирото за развој на образованието првпат годинава изработиле програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 часови годишно. Biznisvesti
Досега се сретнав со 50тина граѓански здруженија и со сите дискутираме за предизвиците кои ги засегаат оние кои тие ги застапуваат како организации.
За секој предизвик оформуваме одговори во вид на мерки, проекти, активности, законски измени и слично. Republika
Овие активности имаат за цел да ја развијат свеста за заедницата, одговорноста кон општеството и емпатијата кај учениците.
Оваа новина ја соопшти министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната Национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, во организација на Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската амбасада. Fokus