Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција информираше дека МВР во изминатиов период ги има обезбедено сите потребни услови за да им овозможи на граѓаните нормален и достоинствен пристап до институцијата, да им ги овозможи обрасците коишто претходно ги немаше, да инсталира и стави во функција нова машина која што машина за персонализација на возачки дозволи и на лични карти да речеме дека во најмала рака го типлира капацитетот којшто сме го имале претходно.
Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи.
Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година.