Сепак се уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија, што укажува на потребата за понатамошно финансиско продлабочување, преку коешто ќе се забрза и процесот на доходна конвергенција кон ЕУ “. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот Фадил Бајрами учествуваше на конференцијата „Премостување граници, градење иднина: интеграција во СЕПА за финансиска инклузија“, којашто се одржа во Приштина, Косово, во организација на Централната банка на Косово по повод 25-годишнината од нејзиното формирање. Netpress