Ова за мене посебен ден бидејќи овде во ова населено место, во ООУ „Ацо Шопов”, започнува еден проект, една надградба која што во многу нешта ќе го олесни животот на радишанци, на бутелчани, но во исто време ќе овозможи пристојни услови за другарување, за школување, за растење на децата коишто своето образование ќе го завршат овде во ова основно училиште во населбата Радишани, односно „Ацо Шопов”, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани, Општина Бутел.