„Го слушав Венко Филипче и излагањата на опозицијата деновиве и сите се држат дека буџетот бил мегаломански, дека бил нереално планиран и недомаќински.
Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план.
Зголемување од фантастични 75% за набавка на нови возила за функционерите, предвидува власта, во Буџетот за 2025 година, контрадикторности и расипнички трендови, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025.