СДСМ во континуитет ја партизирала АЕК.
И пред Ковачев во оваа институција имале партиска инсталација, преку претседателот на Комисијата Стевица Јосифовски, кој дошол во АЕК од правниот тим на СДСМ, каде што бил овластено лице на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија при поднесувањето на приговорите до Државната изборна комисија. A1on
„А, сега, ајде да видиме каков беше пристапот на СДСМ во партизирањето и непотизмот на институциите, третирајќи ја Агенцијата како место за згрижување на партиски кадри – претседатели на општински организации, партиски донатори и поранешни нивни пратеници.
Да почнеме со Тања Ковачев, дежурниот слушач на прислушкувани разговори на доминантниот акционер во СДСМ, Зоран Заев, без ниту еден ден искуство во секторот телекомуникации, поранешен пратеник на СДСМ, на која тоа не ѝ беше доволна компензација, па како претседател на АЕК успева да си ги вдоми: Својот сопруг Дејан Ковачев во „Аеродроми на Македонија“, каде што е и претседател на Управниот одбор; Сестрата Катерина Хаџиевска-Јакимовска станува инспектор за игри на среќа во УЈП; Зетот од сестра на Ковачев, Бобан Јакимовски, е вработен во „Водовод и канализација“ – Скопје; Сестрата на сопругот на пратеничката, односно золвата на Тања Ковачев, Елеона Фунду, е поставена за претседател на Надзорниот одбор на АД „Аеродромски услуги – Аеродроми на Македонија“. A1on
Соопштение до јавноста.
На одржаната прес-конференција во врска со Агенцијата за електронски комуникации, СДСМ, во очај од својот рејтинг и секојдневната сѐ помала поддршка во јавноста, изнесува невистини, сакајќи да ги прикрие неспособните и корумпирани поранешни кадри и бруталната партизација на институциите. Kanal5