Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, од денеска ќе биде во дводневна работна посета на Будимпешта, каде што ќе има повеќе активности насочени кон унапредување на политичката, економската и образовната соработка меѓу Македонија и Унгарија.
Во рамки на посетата предвидена е и средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока.