Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока на која главна тема беа перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. На средбата, Трајков и Бока ја истакнаа значајната поддршка што Унгарија ја дава на нашата земја, особено во поглед на европската агенда. Republika