Лани во државата имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а оваа година бројот на предвремено родени бебиња изнесува 681.
Со цел превенирање на предвремена бременост, во Клиниката за гинекологија и акушерство од крајот на оваа година ќе почне пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на пациентки кои што би развиле прееклампсија, а исто така пуштен е во употреба и интраклинички транспортен респираторен апарат за респираторна вентилација, информираше директорка на оваа Клиника, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев.