Независниот синдикат за здравство задоволен од постигнатиот договор со Владата за покачување на платите за вработените во секторот.
Претседателот на Независниот синдикат на здравствени работници Боби Бојчевски, денеска во име на членството јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за постигнатиот договор со синдикатите во здравствениот сектор за измени во колективниот договор што овозможува зголемување на платите за вработените во здравствениот систем. Kanal5
Предвидена е корекција на коефициентот 0233 односно повисока бруто-плата за сите вработени за 3.650 денари односно 2.450 денари на нето-примањата.
Допоолнително, постигнат е и договор за корекција и на коефициентот на примањата кај медицинските сестри и останатиот кадар со средно образование, што предвидеува покачување на платите за 5700 во бруто односно 3850 денари во нето-примањата. Kanal5