Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
122.12
25.30
0.00/1.45
5.00
3.65
0.73
352.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
6 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 277.2
Best clustering variants
6 0.99/0.01 2 277.2
Biznisvesti

Во текот на досегашната расправа, пратениците од власта сметаат оти Предлог – буџетот е развоен и ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните, оти се предвидува зголемување на пензиите, ќе се испочитуваат колективниот договор, а ќе има и покачување на платите во повеќе сектори, додека од опозицијата оценуваат дека нема да има подобар животен стандард на граѓаните, дека Предлог буџетот на Владата е манипулативен и нема никаква јасна визија, не е развоен туку трошковен, недомаќински, предизборен и предвидува нереален раст на БДП од 3,7 отсто.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција – Прво читање, како и Годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2023 година, за работата на Инспекцискиот совет за 2023 година, за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво за 2023 година. Biznisvesti

  • Во Собранието денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која четврти ден на дневен ред е Предлог буџетот за 2025 година, а седници треба да одржат и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за култура и туризам и собраниската Законодавно – правна комисија.