Како што информира Кабинетот на Гаши, во делегацијата беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, заменик-координаторите на Вреди и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли, пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски, и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки.
На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Republika
Во рамки на посетата, како што соопшти собраниската прес-служба, предвидени се средби и со Томас Вајц, известител за РС Македонија во ЕП и со Тијс Рутен, известител во сенка од политичката група на социјалдемократите.
Според агендата, утре, на иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО ќе биде организирана работна посета во седиштето на НАТО на претседателот на Собранието Гаши и делегација од пратениците, во чиј состав се координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, координаторот на СДСМ Оливер Спасовски, заменик-координаторката на ВРЕДИ Мерита Колчи-Коџаџику, заменик-координаторката на ДУИ Арбана Пашоли, претставникот од ЗНАМ Павле Арсоски и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО Драган Ковачки. Biznisvesti