Министерството за образование и наука има одлична соработка со организациите на Обединетите Нации и среќна сум што ја продолжуваме, со јасна визија за целите кои треба да се остварат до 2030 година.
Во буџетот за 2025 година има околу 30 милиони евра или 18 отсто повеќе средства за студентскиот стандард во споредба со оваа година, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на штипската Гимназија „Славчо Стојменски“.
Јаневска го честита Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември.
Покрај досега затворените два, министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска најави дека деновиве очекува да заврши процедурата и да биде прекината функцијата, односно да бидат затворени уште два институти, по извршената ревизија на нивното работење.