Советот ја одби жалбата на Хајрулахи како неоснована.
„Се потврдува одлуката со која вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, се оддалечува од вршење на функцијата јавен обвинител за време додека трае кривичната постапка“, изјави денеска претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска. Faktor
Советот на јавни обвинители донесе одлука со која го потврди решението за оддалечување од функцијата на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, донесено од страна на Републичкиот јавен обвинител. Sitel
Шефот на скопското Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи останува суспендиран од функцијата.
Неговата жалба беше оценета како неоснована од членовите на Советот на јавните обвинители, кој со седум гласа „ЗА“ и еден против, го потврдија решението на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски за оддалечување на вишиот обвинител Хајрулахи од функцијата. Kanal5
Таа рече дека недопустливо е повод за суспензија да биде кривична пријава за мобинг и во овој случај освен формалниот аспект, треба да се земат во предвид дејствијата што претходат на постапката.
Во меѓувреме, од Советот на јавните обвинители го чекаат мислењето на Коцевски за да можат потоа да постапуваат по пријавата на двајцата обвинители Хајрулахи и Јован Цветановки за наводоите дека републичкиот обвинител имв вршел притисок од за случајот со бонусите на екс обвинителите од СЈО. Kanal5