Во Основниот кривичен суд денес беше објавена пресудата против тринаесетте лица од Велес кои беа обвинети за сексуално злоставување на 14-годишно девојче.
Основниот кривичен суд Скопје, денска ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривичните дела Трговија со малолетно дете од чл. 418 – г, Силување од чл. 186 ст.2 и Прикажување порнографски материјали на малолетник од чл. 193 ст.3 од КЗ., при што сите 13 обвинети, судот ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности ги осуди на казни затвор и тоа: С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор.