На состанокот, како што соопшти Министерството за европски прашања, Трајков истакнала дека нашата земја е целосно посветена на реформските процеси неопходни за напредокот кон Европската Унија, нагласувајќи дека партнерствата со организации како Фондацијата за граѓанска Унгарија можат да дадат значителен придонес во споделувањето добри практики и поддршка на граѓанските иницијативи кои го поттикнуваат демократскиот развој на земјата.
Таа ја подвлекла важноста на зајакнување на улогата на граѓанското општество во европските интеграции, вклучително и зголемување на капацитетите на организациите кои работат на овие прашања. Kanal5