Народната банка дополнително ќе ја зајакнува и отпорноста на банкарскиот систем преку мерки и регулаторни барања и ќе ги унапредува сопствените институционални капацитети за подобро справување со светските трендови и предизвици.
Амбасадорот, пак, искажал поддршка за напорите на Народната банка за поднесувањето барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА. Nezavisen