„Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите бидејќи тоа е една хумана дејност која што навистина бара еден поттик од институциите кога во вакви природни непогоди и појави се случуваат и кога се ангажира Армијата истите тие кои што се јавуваат на првата линија да бидат наградени, тоа се случувало во минатото таа пракса и ќе продолжи“, рече Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет. Press24
„Од буџетот кои што доаѓа пред нас и за кои што ќе го изгласаме за 2025 година, тоа покачување најверојатно ќе биде од минимум 10%.
За модернизација во Министерството за одбрана предвидени се 380% повеќе, за интеграција во НАТО 13% повеќе, за други градежни објекти 177% повеќе, за разни трансфери 157% повеќе што значи дека овој буџет од аспектот на Министерството за одбрана ќе биде историски највисок и за 20% повеќе од тој што е во 2024 година“ рече Стојаноски. Press24