„Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите бидејќи тоа е една хумана дејност која што навистина бара еден поттик од институциите кога во вакви природни непогоди и појави се случуваат и кога се ангажира Армијата истите тие кои што се јавуваат на првата линија да бидат наградени, тоа се случувало во минатото таа пракса и ќе продолжи“, рече Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет. Press24