Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени.
Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати. Libertas
Првиот предлог Буџет за 2025 година на актуелната власт на ДПМНЕ е расипнички, недомаќински и наместо за граѓаните направен е само за задоволување на власта. Fokus
Парите за земјоделството се намалени за 15,7% а програмата за рурален развој се намалува за 10 пати.
Руралната програма е многу важна за младите земјоделци, за набавка на стока, нова механизација, но и за инвестиции во проекти на општините. Kanal5
„Овие мерки ќе обезбедат поквалитетни здравствени услуги за граѓаните и ќе го подигнат нивото на јавната здравствена заштита“, вели Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.
Амандманите на СДСМ во областа на енергетиката и животната средина се фокусираат на: подобрување на енергетската инфраструктура, електрични автобуси, субвенции за домаќинствата што ќе инсталираат фотоволтаици. Nezavisen